Рома утринава го потврди ангажманот на Азмун кој пристигнува на позајмица со опција за откуп.
„Рома со задоволство може да го потврди потпишувањето со иранскиот репрезентативец Сардар Азмун на позајмица до 30 јуни 2024. Во договорот има опција за перманентен трансфер“, стои во соопштението на клубот.
Фудбалерот вели дека е пресреќен што потпишува за рома.
„Тешко е да се опишат емоциите кои ги чувствувам. Доаѓам во еден од најпрестижните клубови во светот и би било сон да можам да освојам титула во дресот на Рома. Минатата година имав шанса да играм на Олимпико и морам да кажам дека во мојата кариера не сум видел толку пасионирани навивачи. Сега не можам да дочекам да се борам за нив и да ги оствариме нашите цели“, вели Азмун.
Benvenuto alla Roma, Sardar Azmoun! #ASRoma pic.twitter.com/0MASouey5R
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 26, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.