Рома не потроши ни евро, а веќе промовираше четврто засилување ова лето, по Ауар и Ендика кои дојдоа како слободни играчи, Љоренте и Кристенсен пристигнаа на позајмици од Лидс.
„Рома со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Расмус Кристенсен на позајмица од Лидс до 30 јуни 2024 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Кристенсен кој е дефанзивец што може да игра на повеќе позиции, вели дека е горд што ќе го носи дресот на Рома.
„Горд сум што ќе бидам дел од овој голем клуб, со самото доаѓање тука можете да ја почуствувате историјата. Не можам да дочекам да го почнам секојдневието тука“, вели Кристенсен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.