Челси успеа да ја забетонира иднината на Рис Џејмс, според дел од англиските медиуми, тој ќе биде најплатениот дефанзивец во историјата на Челси.
„Челси со задоволство може да соопшти дека потпиша нов шестгодишен договор со Рис Џејмс“, се вели во соопштението на клубот.
Џејмс вели дека е пресреќен со новиот договор.
„На месечина сум со мојот нов договор им благодарам на фановите, на сопствениците и на сите инволвирани во клубот. Не можам да дочекам да видам што носи иднината, и сигурен сум дека ќе имаме шанса да освојуваме титули“, вели Џејмс.
„Пораснав како навивач на овој клуб и тука сум од шест години. Ставив потпис на нов договор бидејќи е ова клубот во кој сакам да бидам. Тука ќе останам и имаме светла иднина пред нас“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.