Официјално: Рејндерс е нов фудбалер на Манчестер Сити

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Тијани Рејндерс од Милан, Холанѓанецот потпиша петгодишен договор со англискиот клуб.

26-годишниот Рејндерс по блескавите настапи за Милан, почнува ново поглавје во кариерата, ќе игра во Премиер лигата.

„Манчестер Сити со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Тијани Рејндерс кој стави потпис на петгодишен договор“, стои во клупското соопштение.

Сити за овој трансфер на Милан ќе му плати 55 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани