Официјално: Реал Мадрид за првото засилување ова лето ќе плати 58 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и официјално го потврди трансферот на Дин Хујсен.

Кралскиот клуб преку соопштение објави дека токму младиот шпански дефанзивец ќе биде првото засилување за сезоната 2025/26, притоа потсетувајќи на неговиот досегашен фудбалски развој.

За оние што не се доволно запознаени со неговата биографија, Хујсен ги мина младинските категории на Малага, во 2021 година премина во Јувентус, потоа една сезона настапуваше како позајмен играч во Рома, за на крајот Борнмут да реши да го откупи од „старата дама“, и тоа пред само една година.

Реал Мадрид одлучи да ја активира неговата откупна клаузула во висина од 58 милиони евра, со што Хујсен и официјално станува првото ново име во тимот кој наскоро и формално ќе го преземе Чаби Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани