200
Рома и официјално
го претстави Педро Родригез како свое засилување откако искусниот шпански
офанзивец ги напушти редовите на Челси откако му истече договорот со
Премиерлигашот, каде мина пет сезони.
Од „Римската
волчица“ потврдија дека 33 годишниот Педро потпиша тригодишен договор со својот
нов клуб, а во изјава за официјалниот клупски сајт тој не ги крие импресиите по
трансферот.
„Среќен сум што
ќе бидам дел од овој клуб, возбуден сум за новите предизвици во мојата кариера,
посакувам да ги реализираме зацртаните цели претстојните сезони“ рече тој.
„Би сакал да им
се заблагодарам на навивачите кои ми посакаа добредојде, се надевам дека ќе ги
направам среќни“ додаде Педро.