185
Влашиќ оваа сезона ќе игра како позајмен играч од Вест Хем, а следното лето Торино ќе има опција за 15 милиони евра да го направи трансферот перманентен.
„Торино со задоволство може да соопшти дека од Вест Хем на привремена опција со можност за откуп го ангажираше фудбалерот Никола Влашиќ“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Влашиќ е 24-годишен офанзивен фудбалер од средниот ред кој е роден во Сплит и потекнува од школата на Хајдук. Покрај сплитскиот клуб, има играно за Евертон, ЦСКА Москва и Вест Хем.
| UFFICIALE
Vlasic al Toro
https://t.co/UUiUJKIZKj#SFT pic.twitter.com/1CyUMJ5VLE
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) August 11, 2022