Официјално: Ник Поуп е нов голман на Њукасл

by
1 минути читање

Ник Поуп важи за еден од најдобрите голмани во Премиерлигата, Барнли испадна во Чемпионшип, но тој останува да брани во најдобрата англиска лига.

Њукасл го комплетираше неговиот ангажман, трансферот е вреден 10 милиони фунти.

Ник Поуп заедно со Мартин Дубравка ќе се борат за првата голманска позиција во Њукасл.

Поуп е второто засилување за Њукасл во летниот преоден рок, по левиот бек Мет Таргет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани