Официјално: Немања Матиќ потпиша за Рома

by
1 минути читање

Немања Матиќ и по третпат ќе работи со Жозе Мурињо, овојпат искусниот фудбалер ќе игра во Рома.

„Клубот со задоволство може да го потврди потпишувањето со Немања Матиќ. 33-годишниот фудбалер стави потпис на едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2023 година“, стои во соопштението на Рома.

Српскиот фудбалер е среќен што ќе игра за Рома и за Жозе Мурињо.

„Задоволство и чест ми е што доаѓам во овој клуб и не можам да дочекам да ја почнам сезоната со моите соиграчи“, вели Матиќ.

„Рома е голем клуб со неверојатни фанови и тренер, Жозе Мурињо кој добро им е познат на сите. Се надевам дека со него ќе оствариме големи работи“.

Матиќ ќе го носи дресот со број 21.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×