Милик се врати во Серија А, во оваа негова епизода од кариерата ќе го носи дресот на Јувентус.
„Јувентус може да соопшти дека постигна договор со Марсеј за позајмица на Милан до 30 јуни 2023 година. Позајмицата чини 0,8 милиони евра, со дополнителни трошоци од 0,1 милион евра кои можат да се зголемат максимум до 0,8 милиони евра со остварување на специфични спортски цели“, се вели во соопштението на италијанскиот клуб.
„Според договорот Јувентус има опција во целост да го откупи фудбалерот за 7 милиони евра кои би се исплаќале на три години, сумата може да се зголеми за уште 2 милиони евра во зависност од остварување на спортски цели“.
Јувентус во Милик гледа замена за Душан Влаховиќ.
Следно засилување за Јуве треба да биде Леандро Паредес од ПСЖ, се очекува трансферот наскоро да биде реализиран.
ɴᴏᴡ ᴀʀʀɪᴠɪɴɢ @arekmilik9! #WelcomeMilik
— JuventusFC (@juventusfcen) August 26, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.