178
Де Кетеларе потпиша петгодишен договор со Милан и ќе го носи дресот со број 90.
„Милан со задоволство може да соопшти дека потпиша со Шарл Де Кетеларе од Клуб Бриж“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Милан на Клуб Бриж за овој трансфер ќе му плати 36 милиони евра вклучително и бонуси.
Тоа е рекордна продажба на Клуб Бриж, а Де Кетеларе е играчот на кој најмногу потрошиле Малдини и Масара.