612
Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Патрик Доргу од Лече кој има потенцијална вредност до 35 милиони евра.
Патрик Доргу стави потпис на договор со Манчестер јунајтед до јуни 2030 година со можност за продолжување на уште една сезона.
Англискиот клуб за Доргу ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
„Многу сум горд што можам себеси да се наречам играч на Манчестер јунајтед, ова е многу посебен ден за моето цело семејство“, рече Доргу.
Тој е првото засилување за Рубен Аморим.