349
И јануарскиот преоден рок не помина без Манчестер Сити да потроши огромна сума на едно засилување, Лапорт потпиша со лидерот во Премиерлигата. Важноста на договорот е до 2023 година. Тој ќе го носи дресот со број 14.
„Многу сум среќен што сум тука. Сите е клубот со голема амбиција и е еден од најдобрите во Европа“, вели Лапорт.
„Среќен сум што ќе работам со Пеп Гвардиола и ќе помогнам клубот да има успеси. Ми значи многу што клубот има верба во мене и возбуден сум што ќе играм тука“.