Официјално: Капитенот на Црвена Звезда се пресели во Кина

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда среде сезона остана без својот капитен, откако Урош Спајиќ се пресели во кинескиот фудбал.

32-годишниот стопер доби понуда од Пекинг Гуан која не се одбива, а со тимот потпиша тригодишна соработка. Станува збор за екипа која од клупата ја води екс-тренерот на Барселона, Кике Сетиен.

Спајиќ имаше активен договор со Звезда, но Србите постапија џентлменски и го пуштија да замине без обештетување.

Оваа сезона за Црвена Звезда останаа само домашните натпреварувања, бидејќи во Лигата на шампионите завршија во главната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани