Официјално: Капитенот Душан Тадиќ си замина од Ајакс

by
1 минути читање

Уште едно големо име го напушта Ајакс ова лето, тоа е капитенот, Душан Тадиќ.

„Душан Тадиќ ќе го напушти Ајакс веднаш. Клубот го испочитува барањето на фудбалерот за раскин на неговиот договор. Србинот со Ајакс имаше договор до 30. јуни 2024 година, но ќе заврши сега“, се вели во соопштението на Ајакс.

Тадиќ вели дека оваа одлука за него била многу тешка, но смета дека сега е вистинскиот момент за заминување.

„Одлуката да го напуштам клубот беше многу тешка. Како и да е верувам дека сега е вистинскиот момент. Мислам дека не само за мене, туку важно е и клубот да направи нов старт“, се вели во дел од изјавата на Тадиќ.

Неофицијално, Тадиќ бил незадоволен од тимот кој во моментов е во Ајакс и затоа побарал да замине.

Тадиќ за Ајакс одигра 241 натпревар, постигна 105 голови, имаше 112 асистенции и освои шест трофеи.

Тој сега е на трансфер пазарот како слободен играч.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани