Челси плати 115 милиони фунти на Брајтон за трансфер на Каиседо и сруши рекорд, тоа е најскапиот во Британија.
Каиседо стави потпис на договор до 2031 со опција за продолжување на уште една година.
„Многу сум среќен што потпишав за Челси. Среќен сум што сум во овој клуб, не помислив двапати кога ме побараа. Едноставно знаев дека сакам да потпишам за Челси. Ова е остварување на сонот за мене и не можам да дочекам да почнам“, вели Каиседо.
„Макелеле и Канте ми беа инспирација. Кога бев мал навивав за Челси и ги гледав натпреварите. Возбудливо за мене е што сум тука“.
„Не се надевам, туку сум сигурен дека ќе освоиме многу титули со овој неверојатен клуб, ќе го ставиме Челси таму каде што заслужува да биде“.
Impossible not to smile. pic.twitter.com/k6Vn14G4za
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 14, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.