На италијанските клубови им е дозволено во една сезона да можат да потпишат само со двајца фудбалери кои не се од Европската унија. Тоа ги ограничуваше клубовите во изборот.
Од денеска Британците и Швајцарците нема да се сметаат како играчи кои се надвор од ЕУ и покрај тоа што овие две земи не се дел од унијата.
Во овој преоден рок на оваа одлука најмногу се израдува Милан кој ова лето веќе ги потпиша Англичанецот Рубен Лофтус-Чик и Швајцарецот Ноа Окафор.
Со оваа нова одлука росонерите повторно имаат две слободни места за играчи кои не се од ЕУ, едното ќе го искористат за Нигериецот, Самуел Чукуезе кој денеска треба да го комплетира трансферот во Милан.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.