Официјално: Интер го промовира Хрватот од 14 милиони евра

by 24 фудбал
1 минути читање

Петар Сучиќ и официјално е нов фудбалер на Интер. Италијанскиот гигант денеска го претстави хрватскиот репрезентативец на клупските канали, со што беше потврден трансферот договорен уште зимоска. Стануваше збор за формалност, а сега е и ставена точка.

Динамо Загреб инкасираше 14 милиони евра за својот играч за врска, кој важи за голем потенцијал во хрватскиот фудбал.

Од Интер не штедат на пофалби – велат дека добиле играч со исклучителна визија и техника. Сучиќ е роден во Ливно во 2003 година, а во Динамо дојде на почетокот на 2022 од редовите на Зрињски. Првата сезона ја мина како позајмен фудбалер назад во Мостар, но веќе по враќањето брзо се наметна како стандарден во тимот од „Максимир“.

Со Зрињски ги освои двојната круна во Босна и Херцеговина, а со Динамо во сезоната 2023/24 ги освои сите три домашни трофеи – првенството, Купот и Суперкупот.

Сега му претстои ново поглавје во кариерата – борба за место во еден од најголемите клубови во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани