Официјално: Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан

by
1 минути читање

Веќе некое време се најавуваше дека работата е завршена, но вечерва договорот е и официјализиран. Милан потврди дека Ибрахимовиќ останува.

„Милан со задоволство може да соопшти дека постигна согласност за обнова на договорот на Златан Ибрахимовиќ, тој ќе биде со трајност до јуни 2021“, стои во соопштението.

Ибрахимовиќ во Милан се врати во јануари и беше клучен за кревањето на формата, особено по рестартот на сезоната откога росонерите не знаат за пораз.

Златан Ибрахимовиќ постигна 11 голови на 20 натпревари, но има големо влијание во создавање на победничкиот менталитет на тимот.

Во новата сезона Ибрахимовиќ ќе го носи дресот со број 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×