Официјално: Хаверц потпиша за Челси, Лампард има страшен преоден рок

by
1 минути читање

Тој ќе биде најскапото засилување во историјата на Челси бидејќи сините за него ќе платат 80 милиони евра плус 20 милиони евра во бонуси.

„Сините го комплетираа и потпишувањето со нашиот втор германски репрезентативец ова лето, Каи Хаверц стави потпис на петгодишен договор“, стои во соопштението на Челси.

Претходно Челси ги ангажираше Тимо Вернер, Тијаго Силва, Бен Чилвел и Хаким Зијеш, го купија и дефнзивецот Маланг Сар кој ќе оди на позајмица во својата прва сезона.

„Многу сум среќен и горд што сум тука. За мене е остварување на сонот да играм за клуб голем колку Челси и не можам да дочекам да ги запознаам сите фудбалери и тренер. Да, многу сум среќен што сум тука“, вели Хаверц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×