Официјално: Грасхоперс го купи Бабунски за 700.000 евра!

by
1 минути читање

Швајцарскиот клуб потпиша двегодишен договор со Македонецот со можност за уште една дополнителна сезона.

Грасхоперс за Бабунски на Дебрецин ќе му плати вкупно 700.000 евра. Основата ќе биде 550.000 евра плус бонуси од 150.000 евра.

Бабунски, кој утре полни 27 години, играше стандардно во Дебрецин и демонстрираше добра форма во 2022/23 сезона, постигнувајќи 13 гола на 30 меча, но од нив девет само во пролетната полусезона. Во новата запиша еден погодок на два меча. 

Тој израсна во школата на Реал Мадрид, а потоа настапуваше уште и за Фуенлабрада во Шпанија. Играше и во Радомље и во Олимпија во словенечкото првенство, во Машида и во Кагошима во јапонското, а пред Дебрецен одигра и во Ботев Враца. Грасхоперс во моментов се наоѓа на деветтото место во Швајцарија, со една победа и три порази од пет кола во новата сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани