Официјално: Герет Бејл е нов фудбалер на Лос Анџелес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сега е и официјално, Герет Бејл е е нов фудбалер на Лос Анџелес. Тој потпиша едногодишен договор со американскиот клуб со можност за продолжување на соработката.

Според дел од британските медиуми, Бејл нема да има висока плата, ќе заработи 1 милион долари за една сезона. 

Но, Велшанецот ги направи своите пари во Реал Мадрид, па во Лос Анџелес оди да се одржи во натпреварувачка форма пред Светското првенство, но и да си ја исполни желбата да игра во МЛС.

Покрај Бејл, Лос Анџелес ова лето го ангажираше и Џорџо Кјелини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×