Официјално: Галатасарај ги промовираше двете големи засилувања

by
0 минути читање

Галатасарај донесе двајца фудбалери кои ќе бидат големи ѕвезди во турскиот фудбал. Денеска потпишаа со Лукас Тореира кого го купија од Арсенал и Дрис Мертенс кој пристигна како слободен играч откако му заврши договорот со Наполи.

Тореира кој минатата сезона играше на позајмица во Фиорентина стави потпис на договор до јуни 2026 година.

А Дрис Мертенс поради неговата возраст доби само едногодишен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани