Официјално: Џонатан Дејвид потпиша со Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус започнува голема реконструкција на тимот по незадоволителната сезона, а Игор Тудор ќе се обиде да го врати клубот во трката за скудетото уште во својата прва целосна сезона на клупата.

Првото големо засилување пристигна, Џонатан Дејвид потпиша како слободен агент и ќе го носи дресот на „старата дама“ до 2030 година. Канадскиот напаѓач се приклучи на Јувентус по завршувањето на Голд Купот и успешно ги мина медицинските прегледи во Торино.

Според договорот, Дејвид ќе заработува 5.5 милиони евра по сезона, сума која може да порасне до седум милиони преку бонуси. Очекувањата се големи од поранешниот напаѓач на Лил, а клубот најавува уште неколку потези на трансфер пазарот во офанзивната линија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×