70
Ориги откако ги помина медицинските тестови во Милано, стави потпис на четиригодишен договор со росонерите.
„Милан со задоволство може да го соопшти потпишувањето на Дивок Ориги. Белгискиот фудбалер потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на Милан.
Ориги од денеска е во Миланело, но најмалку десет дена ќе тренира сам бидејќи се уште се опоравува од мускулна повреда која ја заработи во финишот од сезоната на Ливерпул.
27-годишниот фудбалер помина седум сезони на Енфилд, постигна 47 голови во 171 натпревар.