Официјално: Дарко Чурлинов има нов клуб, потпиша двегодишен договор

by Стефан
1 минути читање

Дарко Чурлинов и официјално е нов фудбалер на Погон Шчечин, откако полскиот клуб денеска го потврди неговиот трансфер. Македонскиот репрезентативец стави потпис на двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Чурлинов претходно беше многу блиску до преселба во Видзев Лоџ. Полските медиуми објавија дека двете страни веќе имале договор, но Погон во последен момент испратил подобра понуда и успеа да го убеди македонскиот офанзивец да ја избере нивната средина.

„Дарко Чурлинов му се приклучи на Погон Шчечин. Македонскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со клубот, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона“, соопштија од полскиот прволигаш.

Од клубот потсетија дека Чурлинов веќе има успешно искуство во полското првенство, каде што ги бранеше боите на Јагелонија и остави одличен впечаток со своите настапи. Во Погодн Чурлинов ќе настапува со дресот со број 21.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×