66
Бугарија во септември со нов селектор ќе дојде на гостувањето кај Македонија.
Бугарската фудбалска федерација денеска и официјално го промовираше Младен Крстајиќ за нов селектор.
Крстајиќ две години беше селектор на Србија, а како тренер работеше и во Бачка Топола и Макаби Тел Авив.
Како фудбалер настапуваше за Вердер, Шалке и Партизан.