Официјално: Бојан Димоски потпиша со Партизан

by 24 фудбал
1 минути читање

Бојан Димоски го комплетира трансферот во Партизан од редовите на Акрон Тољати.

Македонскиот репрезентативец доаѓа на позајмица во редовите на српскиот гигант, а во договорот стои опција за откуп доколку во клубот се задоволни од прикажаното. Партизан ќе биде втор странски клуб во кариерата на Димоски.

Во Македонија младиот лев бек настапуваше за Вардар и Брера Струмица во ПМФЛ, се наметна и направи трансфер во Русија. Тој има и настапи за репрезентацијата на Македонија, вкупно 18 во мандатот на Благоја Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани