75
Бернардо Силва реши да остане во Манчестер Сити и да го продолжи договорот на уште три години.
„Бернардо Силва потпиша нов договор со Манчестер Сити, клубот ќе го задржи него до летото 2026 година“, стои во соопштението на англискиот клуб.
Фудбалерот вели дека е среќен што и во следните години ќе настапува за Манчестер Сити.
„Имав шест неверојатни години во Манчестер Сити и среќен сум што го продолжувам престојот тука. Ми се допаѓа тренерот, моите соиграчи, фановите, клубот и се надевам дека ќе делиме многу убави моменти и во годините кои престојат“, рече Бернардо Силва.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.