По само една сезона во Наполи во која му помогна на тимот да го освои Скудетото, Ким реши да се пресели во Баерн Минхен кој ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра.
„Баерн Минхен потпиша со Мин Јае Ким. Репрезентативниот дефанзивец на Јужна Кореја доаѓа од Наполи и потпиша договор со германскиот рекорден шампион до 30 јуни 2028 година. Тој ќе го носи дресот со бројот 3“, стои во соопштението на Баерн.
Ким вели дека сонувал да игра за Баерн Минхен и е возбуден поради трансферот.
„Баерн Минхен е сон за секој фудбалер. За мене ова значи нов почеток, ќе продолжам да се развивам тука. Уште на почетокот на преговорите ми стана јасно колку од клубот ме посакуваат. Мојата прва цел е да одиграм многу натпревари. Сакам да освојам колку што е можно повеќе титули“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.