156
Неизвесна беше иднината на Антонио Конте, се шпекулираше дека тој ќе замине а на негово место ќе пристигне Масимо Алегри, но тоа нема да се случи.
„Клубот и Антонио Конте имаа конструктивен состанок кој беше фокусиран на континуитетот и стратегијата, двете страни ги поставија темелите за продолжување на заедничката соработка на клупскиот проект“, стои во соопштението на Интер.
Во првата сезона со Антонио Конте, Интер заврши на второто место во Серија А, играше финале во Лига Европа и беше елиминиран во полуфиналето од Купот на Италија.
„Скај Спорт Италија“ информира дека во клубот остануваат и спортскиот директор Пјеро Аусилио и извршниот директор Бепе Марота.