197
Анте Ребиќ беше одличен во минатата сезона во која играше како позајмен фудбалер од Ајнтрахт Франкфурт, по што Милан реши комплетно да го откупи.
„Милан со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Анте Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт по позајмицата во клубот минатата сезона. Хрватскиот напаѓач потпиша договор до 30 јуни 2025 година“, се вели во соопштението на Милан.
Ребиќ потпиша 12 голови на 30 мечеви минатата сезона. Тој ќе го носи дресот со број 12.
Претходно во спротивен правец од Милан за Ајнтрахт Франкфурт потпиша Андре Силва.