Официјални состави: Инзаги и Флик ги одредија стартерите!

by riste
1 минути читање

Симоне Инзаги и Ханси Флик ги избраа фудбалерите кои ќе го почнат денешниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Лаутаро Мартинез кој до денеска беше неизвесен, ќе стегне заби и ќе заигра од првата минута.

Покрај него во нападот ќе биде и Турам. Тројцата фудбалери во средниот ред на Интер се Барела, Чалханоглу и Мхитарјан. Високи бекови ќе бидат Думфрис и Димарко.

Тројката во централниот дел од одбраната ја сочинуваат Бисек, Ачерби и Бастони, на голот стандардно е Зомер.

И Левандовски се врати од повредата, но не да биде и стартер. Како што претходно најави Флик, тој ќе биде на клупата, па во зависност од резултатот ќе влезе или не.

На голот на Барса останува Шчесни иако се опорави и Тер Штеген. Четворката во одбраната ја сочинуваат Мартин, Мартинез, Кубарси и Ерик Гарсија. Пред нив се Педри и Де Јонг.

Офанзивно во средниот ред е Олмо, Рафиња и Јамал ќе напаѓаат од страните, а најисутирен во нападот ќе биде Феран Торес.

Првиот натпревар меѓу овие два тима заврши нерешено 3-3, па сега во Милано се почнува од почеток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани