Во просториите на ФФМ денеска се одржа жрепката за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027.
За четирите места во оваа конкуренција ќе се борат осум екипи од кои три се екипи кои се пласираа од деветтото до 11-тото место во Втората лига и петте шампиони во регионалните лиги.
БАРАЖ НАТПРЕВАРИ:
Тетекс Тетово – Влазними Струга
Каменица Саса – Еуромилк ГЛ
Кожув Гевгелија – Борец Велес
Победа Валандово – Камјани Камнењане
Натпреварот Тетекс – Влазними ќе се одигра на 31 мај со почеток во 16 часот и 30 минути, ден порано во истиот термин на програмата се останатите три средби.
Градовите каде што ќе се играат натпреварите дополнително ќе бидат одредени.