5,2K
Иако уште не е комплетирано осминафиналето, веќе се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза на ФА Купот.
На извлекувањето Манчестер Сити налета на Борнмут, Астон Вила единствено ќе се судри со второлигашки ривал, а Брајтон уште го чека својот противник.
- Четвртфинални парови во ФА Купот:
Борнмут – Манчестер Сити
Престон – Астон Вила
Фулам – Кристал Палас
Брајтон – Нотингем Форест/Ипсвич
Средбите во четвртфиналето ќе се играат од 29 март.