Исто како и
Лигата на шампиони, поради пандемијата на коронавирус, Лига Европа ќе се доигра
со Ф8 турнир кој ќе биде организиран во Германија. Па во Нион беше одработен и
вториот дел од ждрепката и беше одреден расплетот за најмасовното европско
натпреварување.
Фаворитите се
избегнаа меѓу себе во четвртфиналето, па дерби пресметки веројатно ќе гледаме
во полуфиналето.
Четвртфинале Лига
Европа:
Шахтар/Волфзбург –
Базел/Ајнтрахт Франкфурт
Манчестер
јунајтед/ЛАСК – Копенхаген/Истанбул Башакшехир
Интер/Хетафе –
Леверкузен/Ренџерс
Вулверхемптон/Олимпијакос
– Рома/Севиља
Полуфинале Лига
Европа:
Вулверхемптон-Олимпијакос/Рома-Севиља
– Манчестер јунајтед-ЛАСК/Копенхаген-Истанбул Башакшехир
Интер-Хетафе/Леверкузен-Ренџерс
– Шахтар-Волфзбург/Базел-Ајнтрахт Франкфурт
Пред да се одржи Ф8 турнирот, ќе се играат мечевите од осминафиналето, некои ќе бидат реванши, а некои само еден меч (Интер-Хетафе и Рома-Севиља).
На 5 и 6 август ќе се играат мечевите од осминафиналето, четвртфиналето ќе биде на програмата на 10 и 11 август (Келн, Дуизбург, Дизелдорф, Гелзенкирхен), полуфиналето е на 16 и 17 август, додека пак финалето е закажано на 21 август во Келн.