Одморот на Ибица се претвори во фијаско, уште тројца играчи на ПСЖ позитивни на коронавирус!

by
1 минути читање

По крајот на
авантурата во Лисабон, ПСЖ им даде неколку слободни дена на фудбалерите и голем
дел од нив заминаа на Ибица. Но одморот на Белеарските острови се претвори во фиjаско
откако дури шест фудбалери се заразија со ковид 19.

По Анхел ди
Марија, Леандро Паредес и Нејмар, „светците“ вечерва објавија три нови случаи.
Медиумите пишуваат дека се работи за Мауро Икарди, Кејлор Навас и капитенот
Маркињос.

Од оние кои беа
на Ибица, само Андер Ерера и Марко Верати не се позитивни на коронавирус.

ПСЖ на 10. септември
треба да игра против Ленс, во моментов нема најави дека мечот ќе се одложи, но
големи се шансите да се побара нов термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×