Одмаздата која ПСЖ ја подготвува за „случајот Мбапе“

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
одби да ја искористи опцијата за продолжување на соработката со ПСЖ до јуни
2025. Се верува дека напаѓачот веќе има договорено трансфер во Реал Мадрид, и
следното лето како слободен играч ќе се пресели на „Бернабеу“.

Па ПСЖ сака да се
одмазди и да „украде“ некоја ѕвезда на „кралевите“. Како што пишува ОК Диарио,
на листата со желби која ја креирал Насер Ал Келаифи има пет имиња.

На врвот се
Винисиус Жуниор
и Родриго, двајца од најперспективните офанзивни фудбалери во
светот.

Првиот човек на
ПСЖ исто така ги мерка и Орелиан Чуамни и Едуардо Камавинга, кои ќе се вклопат
во новата политика, односно ангажман на перспективни француски фудбалери.

Последно име на
списокот е Ернесто Валверде, кој полека се промовира во незаменлива алка во
тимот на Карло Анчелоти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани