ФФМ претходно соопшти дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои требаше да се играат утре ќе се одиграат во вторник, нова информација е дека тие ќе се играат без публика.
Вардар им соопшти на своите навивачи дека натпреварот во вторник ќе биде без присуство на публика.
„Фудбалскиот клуб Вардар ги информира своите навивачи, како и целокупната јавност, дека согласно одлуката донесена од страна на Комисијата за натпревари на ФФМ, а по барање на МВР, натпреварите од 17 коло од ПМФЛ, ќе бидат одложени.
Поради тоа, натпреварот против екипата на Тиквеш ќе биде одигран на 03.12.2024, во вторник, на Арената ,,Тодор Проески”, без присуство на публика.
Натпреварот ќе започне во 13:00ч“, стои во соопштението на Вардар.
Исто ќе биде и на останатите пет натпревари.