Арсенал го
искористи киксот на Манчестер Сити против Брентфорд и креираше пет бода
предност на врвот откако вечерва со 0-2 триумфираше на гостувањето кај
Вулверхемптон.
Натпреварот беше
решен во второто полувреме, во 55. минута, Виеира уфрли топка во петерецот а
Мартин Одегард рутински реализираше за 0-1.
Дилемите околу
победникот беа решени во 75. минута, домаќините блокираа неколку удари, но не
можеа да сторат ништо кога Одегард од 11 метри биеше по земја во аголот и ја
затресе мрежата за 0-2.
„Топчиите“ сега
релаксирани ќе го следат Светското првенство и за прв пат по 2007 ќе бидат на
врвот на табелата на Божиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.