Ерлинг Халанд ова
лето се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден околу 60 милиони евра,
очекувањата се големи, но тој имаше кошмарен прв натпревар со неколку големи
промашувања против Ливерпул во Комјунити Шилд.
Пеп Гвардиола
сепак не беше загрижен и очекува Ерлинг Халанд да влезе во голгетерска форма, а
истото го мисли и Мартин Одегард.
„Халанд е одлично
момче и голем фудбалер и за жал, тој ќе биде одлично засилување за Манчестер
Сити! Сигурно ќе постигне добра бројка на голови. Му посакувам се најдобро,
освен кога ќе игра против нас. Ќе биде интересно да се види како ќе се снајде
во Англија“ – вели Мартин Одегард.
Норвежанецот, кој
беше именуван за нов капитен на „топчиите“, потоа откри дека се обидел да го
убеди Ерлинг Халанд да му се придружи во Арсенал.
„Имаме група на Снапчет
со момците од репрезентацијата па зборуваме речиси секој ден“.
„Кога навивачите
на Арсенал објавуваа слики од мене и него, ги испраѓав на Халанд. Се обидов да
го убедам, но за жал не успеав… тој само се смееше“.