Одбил да му ја отстапи „7-цата“ на Роналдо па веднаш бил избркан од Ал Наср?!

by
1 минути читање

Ал Наср го привлече вниманието на светската фудбалска јавност откако соопшти дека го ангажирале Кристијано Роналдо. 

Но не било се сјајно во Ал Наср по вестите за бомбастичниот трансфер. Наводно Џалолидин Машарипов одбил да ја отстапи „7-цата“, која е заштитен знак на Португалецот.

На социјалните мрежи кружат гласини дека Ал Наср проблемите ги решил со тоа што го раскинал договорот на Узбекистанецот и „7-цата“ била ставена на располагање на Кристијано Роналдо.

Сепак, претседателот на Ал Наср ги демантираше ваквите написи и објасни дека Џалолидин Машарипов бил пред трансфер во друг клуб и затоа „7-цата“ била слободна, но таа зделка пропаднала во последен момент и сега Узбекистанецот ќе го носи бројот 77, се додека не најде нов клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×