Поради тоа што не
допатува во Торино за мечот со Јувентус во Серија А, Наполи го загуби тој
натпревар по службен пат со 3-0, а на тимот предводен од Џенаро Гатузо
дополнително му беше одземен и бод.
Од Наполи тврдеа
дека добиле забрана локалните здравствени власти да патуваат, а сето тоа поради
двата позитивни случаи на ковид-19, на нашиот Елиф Елмас, односно Пјотр
Зјелински, па иако од клубот побараа одложување, Јувентус истрча на теренот
според претходно најавеното.
Наполи упати
жалба до апелациониот спортски суд во Италија поради одлуката за службениот
пораз и одземениот бод како дополнителна казна, меѓутоа од таму денеска жалбата
им е одбиена.
Од Серија А
наведоа дека Наполи не ги следел постоечките протоколи за заштита од ковид-19,
со тоа што тимот и натаму бил во можност да патува, но со дополнителни
тестирања.