Одбиена жалбата на Барселона, останува суспензијата од три меча за Левандовски

by
1 минути читање

По елиминацијата
на Полска од мундијалот во Катар, Роберт Левандовски утрово доби нови лоши
вести, комитетот за жалби
при Фудбалската федерација на Шпанија го одби приговорот на Барселона, па
суспензијата од три меча останува на сила.

Напаѓачот против Осасуна откако заработи два жолти картони за половина час и предвреме беше испратен во соблекувална,
а дополнително си направи проблем откако го стави прстот под нос кога го
напушташе теренот.

Полјакот доби
еден натпревар суспензија за двата картони и исклучувањето, плус казна од уште два
меча поради недоличниот гест.

Барселона го
оспори првиот картон, како и додатната казна од два меча, но комитетот за жалби
при ФФШ само ја потврди првичната суспензија.

„Каталонците“
сега треба да одлучат дали ќе се жалат пред Судот за спортска арбитража, а како
што стојат работите во моментов, Роберт Левандовски нема да игра против
Еспањол, Атлетико Мадрид и Хетафе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани