Од Саудиска
Арабија „фрчат“ понуди низ најсилните европски првенства, Арапите сакаат да
донесат што е можно поголем број на квалитетни фудбалери и тренери со цел да се
промовираат што подобро и да се наметнат како главни кандидати за организација
на мундијалот во 2030 година.
Како што
пренесува АС, Ал Наср го убедува Мануел Пелегрини да се пресели во Саудиска
Арабија, но до овој момент, тренерот на Бетис одолева на понудите.
Тој е задоволен
од животот во Шпанија, па одбива да се пресели и покрај тоа што Ал Наср му нуди
плата од речиси 15 милиони евра по сезона, односно четири пати повеќе од тоа
што го заработува во моментов.
Стратегот од Чиле
исто така ќе има можност да го тренира Кристијано Роналдо, но ниту соработката со еден од најдобрите фудбалери во
историјата не го примамува доволно за да каже ДА.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.