Од УЕФА потврдија: Европскиот Суперкуп со навивачи на трибините

by
1 минути читање

Од европската
куќа на фудбалот УЕФА и официјално потврдија дека ќе има навивачи на трибините
за пресметката помеѓу Баерн Минхен и Севиља, односно освојувачот на Лигата на
шампионите и Лига Европа.

Навивачите ќе се
вратат на трибините на 24 септември за предвидената пресметка во унгарската
престолнина Будимпешта, меѓутоа, сосема очекувано, истото ќе биде изведено
според посебни протоколи за заштита од Ковид-19.

Извршниот комитет
при УЕФА денеска донесе одлука Суперкупот да се одигра на 24. септември во
Будимпешта, со редуцирана бројка на гледачи на трибините до 30% од вкупниот
капацитет на стадионот
“ се наведува во соопштението објавено од страна на
европската куќа на фудбалот.

Можеме да
потврдиме дека сите останати натпреварувања под капата на УЕФА ќе продолжат да
се играат без присуство на публика до следната одлука, откако сево ова беше
донесено во одлука на Извршниот комитет на 9. јули годинава
“ додаваат од таму.

Со оглед на
фактот што „Пушкаш Арена“ во Будимпешта има капацитет за 67.000 гледачи, со тоа
ќе биде овозможено на трибините присуство да имаат околу 20.000 гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×