208
Бразилскиот фудбалер летово ќе замине од Торино, во моментов непознато е само дали тоа ќе биде во соседот Јувентус или пак во Интер.
Интер долго време се поврзуваше со Бремер, но Јувентус настапи офанзивно откако го продаде Де Лихт и се верува дека старата дама сега е во предност.
Директорот на Торино, Вањати потврди дека и со двата клуба се преговара во моментов.
„Во преговори сме и со Интер и со Јувентус за Глеисон Бремер“, вели Вањати за „Скај Спортс“.
Не се очекува трката да трае долго, во наредните денови би требало да биде одлучено која ќе биде следна дестинација на Бремер.