Од Саудиска Арабија пристигнала смешна понуда за Барди, Трабзонспор веднаш одбил!

by
1 минути читање

Според информациите, саудискиот клуб во Трабзон испратил понуда да го земат Барди и за едногодишен заем да платат 300.000 евра, на што турскиот клуб експресно одговорил дека тоа е неприфатливо.

Трабзон го продава Барди само под еден услов, заинтересираниот клуб да плати најмалку четири милиони евра, а во последниов период низа клубови се споменуваа како можна дестинација од шпанска Жирона, италијански Торино, англиски Хал, па и американски ЛА Галакси.

Барди во Трабзон дојде ланското лето од Леванте за три милиони евра после пет години во овој шпански клуб.

Во С. Арабија во моментов играат двајца македонски репрезентативци, Дарко Велковски во Ал Етифак и Александар Трајковски во Ал Фејха, а многу извесно е враќање на Езџјан Алиоски во Ал Ахли зашто Фенербахче нема да го откупи неговиот договор по едногодишниот заем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани