Од „Пирели“ со коментар за шпекулациите со Меси и Интер: Можеме да помогнеме, но…

by
1 минути читање

Првиот човек на спонзорот
на дресовите на Интер, „Пирели“, тврди дека гигантската компанија би можела да
помогне при евентуална можност за трансфер на Лионел Меси во редовите на „Нероаѕурите“,
но, истовремено не крие дека кризата предизвикана од коронавирусот е голем
проблем во моментов, подвлекувајќи дека помошта не би била ништо позначајна.

Веќе извесен
период се шпекулира околу тоа дека Меси би можел да си замине од Барселона,
иако првиот човек на каталонскиот гигант, Жозеп Мариа Бартомеу јавно порача
дека Аргентинецот својата кариера ќе ја заврши на „Камп Ноу“, а Меси се
поврзуваше токму со трансфер во Интер.

Запрашан за тоа
дали „Пирели“ би можел да помогне во еден таков сензационален трансфер, како
што тоа го стори „Фиат“ во трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус,
извршниот директор на компанијата, Марко Трончети Провера призна дека
пандемијата од Ковид-19 е голем проблем.

Искрено, во еден
ваков период, ние не сме во можност да инвестираме во спортот повеќе од тоа што
го правиме во моментов, помеѓу Формула 1, Купот на Америка, како и Интер
“ рече
Провера.

Ние најпрво би
требало да го прашаме Стивен Жанг за една таква опција, можеме да помогнеме,
но, не можеме да сториме ништо значајно
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×