121
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ најави дека од наредната сите шест натпревари кои ќе се играат во едно коло ќе бидат пренесувани во директен пренос.
Според најавите три натпревари ќе одат во пренос на Арена и три на МТВ.
Ваквата ситуација сигурно ќе придонесе за популаризација на македонскиот фудбал кој на тој начин би бил поблиску до гледачите.